fbpx

СВР Струмица:138 прекршоци за 6 часови за возење со брзина поголема од дозволената

 СВР Струмица:138 прекршоци за 6 часови за возење со брзина поголема од дозволената

Вчера во периодот од 08:00 до 14:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена зајакната контрола над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 138 прекршувања на брзината, од кои 56 на подрачје на Струмица, 37 на подрачје на Радовиш, 28 на подрачје на Гевгелија и 20 на подрачје на Валандово. Од нив, 86 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 52 во населено место.

Двајца од санкционираните возачи се движеле со брзина над 50 км/ч поголема од дозволената.

Во акцијата биле констатирани и 13 останати прекршоци. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

Фото: архива

Share via
Copy link