fbpx

Во гевгелиско Селемли пронајден починат маж

 Во гевгелиско Селемли пронајден починат маж

МВР соопшти дека вчера во 09:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.

Share via
Copy link