fbpx

Едукативно предавање во училиштето во Дабиле-„Не користи пиротехнички средства“

 Едукативно предавање во училиштето во Дабиле-„Не користи пиротехнички средства“

Вчера полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во Основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во село Дабиле, струмичко, спроведоа едукативно предавање на ученици од шесто до деветто одделение на темата „Не користи пиротехнички средства“.

Преку наменски подготвена презентација, учениците беа запознаени со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства, кои можат да предизвикаат тешки и трајни последици.

Исто така, учениците беа информирани и за казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лица кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства.

Share via
Copy link