Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Девојка прегазена во центарот на градот , возачот побегнал
Вечерва околу 19:40 часот во центарот на градот, на крстосница кај ТЦ „Глобал“, на пешачки премин, потешко е повредена В.Б. (21) од село Русиново, беровско откако во неа удрил автомобил.
Според информации од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, возачот со возилото го напуштил местото на несреќата, а девојката со тешки повреди е пренесена на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Од полицијата додаваат дека работат на пронаоѓање на возачот и возилото.