Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Доделена благодарница на најстариот борец Јован Величковски
Денес ОО на СЗБ од НОБ и граганите подржувачи од Струмица му доделија благодарница на Јован Величковски за неговото учество како Командант на 2 Батаљон на 4 МНО Бригада во ослободување на Струмица.
Величковски е на возраст од 99 години и еден од најстарите преживеани борци.
На скромната свеченост која беше организирана во седиштето на ОО на СЗБ од НОБ и граганите подржувачи од Струмица за дедо Јован зборуваше претседателката Соња Чурлинова.
-Овие луѓе имале големо и љубов кон татковината и нејзината слобода. Немале страв и со голема гордост се приклучиле во антифашистичката војна. За вас било голема чест да се земе оружјето во рака и да се тргне во војна.Кога зборуваме за Јован, кој е роден 1923 година, тој е пример за борец и неговите сеќавања ние ќе продолжиме да ги пренесуваме на генерациите по нас, рече Чурлинова.