fbpx

Доделени наградите на најуспешните млади творци од ликовниот конкурс по повод Републичките детски средби

 Доделени наградите на најуспешните млади творци од ликовниот конкурс по повод Републичките  детски средби

Во фоајето на Домот на АРМ во Струмица денеска беше отворена ликовната изложба „Цвеќе 2021“, а на најдобрите млади ликовни творци им беа доделени наградите по повод Републичките детски средби.

Најдобри се делата на ученичките Ани Цветанова од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица и Марија Јанева од ООУ „Гоце Делчев“ од Босилово, двете втори награди ги добија Олга Димитриева од „Видое Подгорец“ и Анастасија Делева од „Свети Кирил и Методиј“ од Иловица, а четирите трети награди ги поделија учениците Лилјана Конеска од „Гоце Делчев„ од Вељуса, Даниела Стојкова од „Даме Груев“ од Куклиш, Мерије Мемедова од „Атанас Нивичански“ од Нова Маала и Марија Грозданова од „Видое Подгорец“ од Колешино. Беа доделени и повеќе посебни награди.

Настанот традиционално го организираше Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, а годинава на конкурсот поради пандемијата учествуваа само ученици од основни училишта од струмичко.

Денешната изложба беше во рамки на манифестацијата „Струмица град на културата 2021“.

Share via
Copy link