Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Донација за струмичката болница од Фондацијата „Заев-едно општество за сите“
-Еден од најважните фундаменти врз кој почиваат постоењето и дејствувањето на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ е и унапредувањето на јавното здравје. Како дел од активностите за доследно исполнување на зацртаните цели и стремежи во оваа област, нашата Фондација изврши донација на апарат за дијагностика од областа на урологијата, за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица, соопштија од Фондацијата.
-Станува збор за исклучително важен дијагностички апарат кој ќе значи многу за струмичките уролози од оваа институција, а пред се за граѓаните кои се соочуваат со уролошки проблеми и заболувања, информираа од Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.
Здравјето на граѓаните е пред се. Токму затоа унапредувањето на јавното здравје и понатаму ќе биде еден од приоритетите на нашата Фондација, додаваат од Фондацијата.