fbpx

Дополнување: Четворица повредени во директен судир на два автомобили кај крстосницата за Сачево

 Дополнување: Четворица повредени во директен судир на два автомобили кај крстосницата за Сачево

Четири лица се повредени во директен судир на два автомобили во сообраќајната несреќа која се случи денеска околу 14:00 на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево.

Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, во сообраќајната несреќа учествувале два автомобила, едниот „опел астра“ управуван од К.М. (73) и „пежо“, во кое се превезувале тројца членоци на семејство од село Сушица. Двајца од нив со потешки повреди се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а еден патник од „пежото“ и возачот на „опел астра“ се задржани на лекување во струмичката болница.

Во извлекувањето на повредените учествувале и шест пожарникари и едно против пожарно возило на ТППЕ Струмица.

Заради сообраќајката во прекин беше сообраќајот на патниот Струмица-Ново Село, а се насочуваше по заобиколни патишта. По извршениот увид на местото на несреќата од страна на полицијата и јавен обвинител, сообраќајот е нормализиран.

Фото: ТППЕ Струмица

Share via
Copy link