Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Двајца новозаразени од ковид-19 во Струмица
Денес во статистиката на министерството за здравство се регистрирани два нови случаи позитивни на коронавирус од Струмица. Според информациите од Центарот за јавно здравје станува збор за две годишно дете и повозрасен струмичанец кој е на лекувње во Скопје. Со тоа бројот на активни случаи во Струмица се искачи на осум.
Во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 55
-Куманово 9
-Дебар 1
-Штип 1
-Прилеп 4
-Тетово 20
-Струга 2
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 9
-Гостивар 4
-Гевгелија 1
-Струмица 2
-Свети Николе 1
-Кичево 1
-Ресен 5
Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:
-Скопје 37
-Штип 3
-Прилеп 5
-Тетово 24
-Велес 1
-Гостивар 4
Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.