fbpx

Две лица повредени во пожар во три куќи на „Крушевска Република“ во Струмица

 Две лица повредени во пожар во три куќи на „Крушевска Република“ во Струмица

Две лица се повредени во пожар кој избувна претпладнево во 10:55 и зафати три куќи на улицата „Крушевска Република“ во Струмица.

Според инфрормациите од ТППЕ Струмица, во гаснењето на големиот пожар учествувале 5 против пожарни возила и 18 пожарникари, а пожарот бил изгаснат еден и пол час по пријавувањето.

-Денес, (сабота)22.06.2024 година, во 10.56 часот на улица Крушевска Република, над Момин бунар, ТППЕ Струмица со 5 ПП возила и 18 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалени куќи. Опожарени се вкупно 3 куќи и причинета е значителна материјална штета. Во акцијата на гасење и спасување, пожарникарите-спасители од едната куќа успеаја да извлечат две постари лица кои беа повредени од пожарот и да ги предадат на екипите на брза помош. Пожарот е целосно ликвидиран, екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата на пожарот заради евентуално разгорување поради високите температури, соопштија од ТППЕ Струмица.

Фото: Strumica online

Share via
Copy link