fbpx

Еден починат и 19 нови од Ковид-19 во Струмица

 Еден починат и 19 нови од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 155• Охрид – 26• Битола – 21• Струмица – 19• Куманово – 15• Штип – 10• Кавадарци – 8• Прилеп и Велес – по 7• Тетово – 6• Кичево и Богданци – по 5• Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4• Неготино и Ресен – по 3• Виница – 2• Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица:

3 починати лица од Скопје (64г, 67г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Велес (92г), Штип (68г), Охрид (84г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021. Регистрираното починато лице е од Кавадарци (1). Починатото лице е на возраст од 86 години. Лицето е починато во болнички услови.

Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од:

• Скопје – 110• Битола – 25• Кавадарци и Прилеп – по 17• Куманово и Берово – по 11• Кочани – 10• Велес – 9• Штип – 7• Делчево – 6• Охрид – 5• Гостивар – 4• Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 3• Гевгелија – 2• Неготино, Виница и Крушево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730

Share via
Copy link