fbpx

Едно лице потешко повредено во сообраќајна несреќа во Струмица

 Едно лице потешко повредено во сообраќајна несреќа во Струмица

Педесет минути по полноќ на булеварот „Климент Охридски“, во близина на автобуската станица, се случи сообраќајна несреќа, во која лице на 26 годишна возраст е потешко повредено.

До несреќата дошло откако од засега непознати причини автомобилот марка „мерцедес“,кој го управувал повредениот, удрил во столб и завршил во оградата меѓу двете коловозни ленти.

Во извлекувањето на повредениот од „мерцедесот“ учествувале 6 пожарникари и едно против пожарно возило, кои со специјални хидраулични алатки го извадиле лицето и го предале на екипита на првата помош.

Фото:ТППЕ Струмица

Share via
Copy link