fbpx

Едно лице пронајдено без свест во пожар во куќа во село Добрејци

 Едно лице пронајдено без свест во пожар во куќа во село Добрејци

Денеска во 07:11 часот во село Добрејци, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 5 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалена куќа.

При пребарување на вториот кат во една од просториите е најдено лице паднато во бесознание поради густиот чад. Лицето е извлечено и е извршена реанимација по што е предадено на екипа на брза помош.

Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.

Share via
Copy link