fbpx

Едно лице загина во пожар во куќа во Струмица

 Едно лице загина во пожар во куќа во Струмица

Синоќа во 20:54 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е.(63) на улица „Пиринска“ во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице, информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Во гаснењето на пожарот, кој избувнал на покривот на куќата, учествувапе 3 против пожарни возила и 9 пожарникари,кои успеале за еден час да го ликвидираат пожарот.

Увид на местото на пожарот ќе биде извршен во текот на денешниот ден од страна на Јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Share via
Copy link