На патот Струмица-Радовиш пијан возач удрил во банкината, измерени му се 2,25 промили алкохол
Едукативна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”
Отсекот за превенција при СВР Струмица во партнерство со РСБСП денеска во ООУ” Видое Подгорец” Струмица, реализираше едукативна кампања насловена “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.
На првачињата им беше прикажана едукативна презентација за запознавање со сообраќајните знаци правила и прописи, препораки за безбедно преминување на улицата, улогата и значењето на семафорот и поминување на крстосница.
Истовремено на првачињата им беа поделени флуоросцентни ленири,приврзоци и бонки со едукативна содржина.