fbpx

Евроамбасадорот Гир на средба со градоначалникот Костадинов

 Евроамбасадорот Гир на средба со градоначалникот Костадинов

-Со посебна чест, срдечно добредојде му посакав на Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ. На средбата разговаравме на повеќе теми, а поттик ни беа заедничките цели – прогресивен развој со втемелување на европските вредности. Гордост ни се реализираните и проектите во тек, а кои финансиски се поддржани од европските фондови, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Посебен акцент му дадовме на фестивалот „Вело Струмица“, кој е дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“ финансиран во рамките на програмата „ЕУ за Општините“.Му се заблагодарив за севкупната поддршка на општина Струмица, а си потврдивме дека таа ќе продолжи и понатаму, напиша Костадинов.

Share via
Copy link