Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
ФКТ “Ристо Шишков“ продолжува утре
Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ продолжува утре со скратена програма заради прогласената тридневна жалост во државата.
Како што информираше директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков, единствено нема да се одигра претставата „Злоставувани“ на театарот од Шабац, Србија, додека „Кармен“ на Драмскиот театар од Скопје и „Среќниот принц“ на Театарот Враца од Бугарија се одиграле завчера без присуство на публиката, само пред жири комисијата.
Програмата продолжува утре со три претстави, а први пред публиката ќе се претстават атерите на кумановскиот театар со „Драма изгубена во времето“.
Фестивалот завршува задутре со доделување на единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“.