Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Фото:На влезот во Турново поплавени објекти, куќи и површини
На влезот во селото Турново излеаните води од реката Струмица ги поплавија фудбалскиот терен, соблекувалните, спортската сала на ФК „Турново“, објектот на Ветеринарната станица и дваесетина куќи и помошни објекти,а покрај патот формирано е поголемо езеро.
Од ФК „Турново“ штетата ја проценуваат на над 50 илјади евра, а причина за поплавите е излевањето на реката Струмица, кое бараат од институциите да буиде решено.
Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев вели дека и покрај тоа што вчера интервенирала механизацијата на повеќе критични точки, сепак водите од реката поплавиле повеќе објекти и земјоделски површини, бидејќи коритата не можеле да ги прифатат надојдените води.