fbpx

Гевгеличанец потешко повреден откако со автомобилот излетал од автопатот

 Гевгеличанец потешко повреден откако со автомобилот излетал од автопатот

СВР Струмица соопшти дека вчера во 06:45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1, кај место викано „Милци“, гевгелиско, Д.Т.(19) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и со возилото излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link