„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Горан Пандев: ако клубовите не одлучуваат во ФФМ ќе се тргнам на страна
„Срамно и жално… уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви…, напиша денес капитенот на македонската фудбалска репрезентација и сопственик на прволигашот Академија Пандев, Горан Пандев на Инстраграм, револтиран од денешното одложување на прволигашките натпревари, откако „пандевци“ по исти услови одиграа вчера со Работнички во Струмица.
-Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес.
Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период…
Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам на страна…“, порача Пандев.