fbpx

Горан Пандев избран за делегат во Собранието на ФФМ од ОФС Струмица

 Горан Пандев избран за делегат во Собранието на ФФМ од ОФС Струмица

На вчерашното годишно собрание на ОФС Струмица, по предлог на ФК „Академија Пандев“, сопственикот на клубот Горан Пандев беше избран за делегат на Собранието на ФФМ од страна на ОФС Струмица.

Горан Пандев беше вклучен преку видео линк и им се заблагодари на делегатите на ОФС Струмица кои едногласно го избраа да биде еден од тројцата делегати на Собранието на ФФМ.

Покрај Пандев, за делегати се избрани и Ѓорги Гоцевски -претседател на општинскито сојуз и Ванчо Коцев од ФК Плачковица.

Share via
Copy link