Градоначалникот Костадинов го поддржува протестот против загадувањето на воздухот

 Градоначалникот Костадинов го поддржува протестот против загадувањето на воздухот

-Како градоначалник на Општина Струмица и пред сѐ како човек, во целост го поддржувам мирниот протест инициран по повод екстремното загадување во Струмица.Заложбите и напорите, како на локалната, така и на централната власт, преку конкретни мерки да се редуцира степенот на фактичкото загадување очигледно не допираат до вистинските адреси. Работата на субјектите кои имаат ингеренции за контрола се континуирано на терен, но определени субјекти се посилни и над законите. И покрај реализираните инспекциски надзори и опомени, своеволието на одредени субјекти продолжува!, објави Костадинов на својот фејсбук профил.

-Постојано повикувам и апелирам на почитување на законите и обврските кои произлегуваат од нив, како и соодветно санкционирање од страна на Надлежните на различни нивоа. Не смееме да дозволиме граѓаните да се жртва на нечии лични интереси. Верувам дека можеме и умееме, а истовремено и апелирам, со синергија на различни нивоа на власт да се избориме со ваквите круцијални проблеми, додава Костадинов.

-Струмица и Струмичани заслужуваат да дишат (по)чист воздух и токму затоа, во знак на поддршка и подигање на алармот, во сабота ќе се приклучам на моите сограѓани на протестниот марш!, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link