Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Градоначалникот Костадинов им ги додели наградите и признанијата на просветни работници по повод 24 Мај
-Неизмерно сум среќен и многу горд што една моја иницијатива, од пред повеќе од три години, стана убаво дело, и полека но сигурно се претвора во традиција.Синоќа во НУЦК „Антон Панов“ во рамките на Свечената академија по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители – Свети Кирил и Методиј, го имав задоволството да им се обратам на присутните просветни работници од општина Струмица, и по третпат да ги доделам наградите и признанијата на најуспешните наставници и професори од основните и средните училишта, вработени во стручните служби како и на воспитувачи и негуватели во градинките, кои се истакнале со исклучителни резултати во својата професија, објави градоначалникот Костадинов.
-Честитки за сите 17 наградени.Влогот во образованието е влог во иднината. На тој начин грижата за децата, основците и средношколците добива на поголема сериозност и професионалност. Нека биде така и во иднина.Нека е честит и вековит Денот на сесловенските просветители – Светите Кирил и Методиј. Аманетот од нив ќе го чуваме и негуваме, напиша струмичкиот градоначалник.