fbpx

Градоначалникот Манчев и директорт на ЦУК Ангелов ги посетија критичните точки за излевање на реките

 Градоначалникот Манчев и директорт на ЦУК Ангелов ги посетија критичните точки за излевање на реките

-На иницијатива на општина Босилово со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги посетивме критичните места на река Струмица и река Језга (Радово-Турново) и на лице место констатиравме дека е неопходно веднаш да се преземат мерки за санирање на критичните точки и за чистење на речното корито, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

-Чистењето на овие речни корита не е во надлежност на општината, но како општина сме подготвени да интервенираме и да помогнеме со целиот наш потенцијал, напиша градоначалникот Манчев.

Share via
Copy link