На 29.09.2023 во 15:30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.П.(77) од струмичко, поради тоа што на 27.09.2023 се обидел да изврши обљуба врз 64-годишна жена, негова сосетка, соопштија денеска од МВР. Се работи на расчистување на случајот.
На 28.09.2023 во 11.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, […]
Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, […]
Денеска во 11:30 часот полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“ со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти, соопштија денеска од МВР. Известен е јавен […]
На 26.09.2023 во 11.45 часот во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В.З.(48) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детектора за метал и семки од растението канабис. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното […]
Вчера во 10:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и И.Ц.(39) од село Куклиш, струмичко, соошштија денеска од МВР. Тие се сомничат дека ноќта на 23.09.2023 извршиле „тешка кражба“ во објект на улица „Климент Охридски“ во Струмица. Притоа, кај нив биле пронајдени предмети […]
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на местото на настанот. Според првичните информации, мотивот за двојното убиство се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа, кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Сторителот е лишен од слобода и во текот на денот ќе […]
Вечерва околу 19 часот во Гевгелија е извршено двојно убиство, а полицијата го уапсила 69-годишниот В.Г. од Гевгелија кој околу 18.50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговите брат и снаа Л.Г. (71) и Т.Г. (62), кои починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош […]
Денеска во 14:14 часот, во атарот на село Просениково ТППЕ Струмица со три против пожарни возила возила и 7 пожарникари гаснеше запалено стрниште, шупи и викендица. -Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон блиските објекти. Причинета е значителна материјална штета, информираа од ТППЕ Струмица.
Денеска во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.В. од Струмица. Тој се сомничи дека на 19.09.2023 со употреба на сила влегол во казино во село Босилово, струмичко и одзел пари, соопштија од МВР. По преземени мерки било дојдено до сознание дека тој е сторителот на делото, по што денеска бил […]