fbpx

Двојно убиство во Гевгелија, маж ги убил братот и снаата

 Двојно убиство во Гевгелија, маж ги убил братот и снаата

Вечерва околу 19 часот во Гевгелија е извршено двојно убиство, а полицијата го уапсила 69-годишниот В.Г. од Гевгелија кој околу 18.50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговите брат и снаа Л.Г. (71) и Т.Г. (62), кои починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.

Настанот го потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и од него е одземено оружјето со кое го извршил делото.

Увид на местото на настанот врши Јавен обвинител и увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Фото: архива

Share via
Copy link