fbpx

Полициски билтен:кај валандовчанец пронајдена марихуана, пожар на стадионот во Пиперово

На 26.09.2023 во 11.45 часот во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В.З.(48) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детектора за метал и семки од растението канабис.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.09.2023 во 13.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Пиперево, струмичко, настанал пожар во внатрешноста на стадионот, при што било опожарено ѓубре, а била зафатена и соблекувалната.

Пожарот бил  изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а повредени  лица нема. Бил извршен увид.

Share via
Copy link