Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Хрватска воведе 14-дневен карантин за граѓаните кои доаѓаат од Македонија
Хрватска од денеска повторно воведува карантин за лицата кои во земјата доаѓаат од четири балкански земји откако регионот се соочи со втор бран на коронавирусот. Според одлуката на Штабот за цивилна заштита на Хрватска, патниците од Македонија, Босна, Србија и од Косово ќе мора да одат во 14-дневна самоизолација по пристигнувањето Хрватска, освен оние кои транзитираат низ земјата.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ потврди дека одлуката не важи за оние кои минуваат транзит.
На крајот на мај Хрватска ги отвори границите за десет европски земји, вклучувајќи ги Германија, Австрија и Естонија, а одлуката за четирите балкански држави ја донесе поради зголемување на бројот на позитивни на ковид-19 во нив.