fbpx

17-годишен малолетник тешко повреден откако паднал од велосипед

 17-годишен малолетник тешко повреден откако паднал од велосипед

На 24.06.2020 во 12:00 часот било пријавено дека во Струмица, на крстосницата од ул.„Младинска “ со ул„Ристоман Попчевски“ 17- годишник од Струмица управувајќи велосипед паднал на коловозот.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link