fbpx

Инфо ден за граѓанските организации за користење општински простории

 Инфо ден за граѓанските организации за користење општински простории

Денеска во големата сала на домот на АРМ се одржа Инфо ден со претставници на граѓански организации за објавување на Јавен повик за распределба и доделување на општински простории – времено користење во касарната од страна на граѓанските организации.

Според Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски развој, во рамките на една од многу битните заложби на градоначалникот Коста Јаневски заедно со општинската администрација е да се реализира концептот Струмица грижлив град со единствена цел да се создадат услови и механизми за институционална поврзаност помеѓу Општината и граѓанскиот сектор, како и останатите релевантни чинители во градењето на локална заедница со еднакви можности за сите.

Претставниците на граѓанските организации беа информирани за започнатата процедура за доделување простории во двата нови центри коишто општина Струмица ги реализираше како два посебни проекти – Повеќенаменски социјален центар и Нов НВО центар во зграда од поранешната касарна.

Share via
Copy link