fbpx

Инвестицијата од 360 милиони евра во „Иловица – Штука“ носи бенефит за македонската економија

 Инвестицијата од 360 милиони евра во „Иловица – Штука“ носи бенефит за македонската економија

(Комерцијална ПР објава)

❌ Предрасуди и Стереотипи: Рударскиот комплекс ќе обезбеди економски интерес само за странскиот инвеститор и неколку домашни ,,платеници и профитери”(!?).

ВИСТИНА: Несомнено, ова е најголема странска ,,гринфилд” инвестиција во нашата држава. Само во првите две години, односно првата фаза на изградба на рударскиот комплекс ќе се реализира почетна инвестиција од 340 МИЛИОНИ Евра. Од тој износ, дури 180 МИЛИОНИ Евра се планирани и ќе бидат исплатени по реализација на комерцијални договори со домашни компании кои активно функционираат во поширокиот Струмички регион, во сектори како градежништво, транспорт, механизација, опрема, информатичка технологија…

Во текот на целиот период од оперативното работење, кумулативно, ќе се исплаќаат околу 75 МИЛИОНИ Евра секоја година на повеќе локални и регионални кооперанти за тековно одржување, снабдување со неопходни производи и разни сервисни услуги. Зборуваме за најширок опфат на домашни компании кои се занимаваат со угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвена индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање итн.

Секоја година редовно ќе плаќаме приближно по 24 МИЛИОНИ Евра за законски давачки, даноци и такси во државниот буџет. Но она што е најважно за Вас жителите од Струмичкиот и под Огражденскиот регион или посебно општините Босилово и Ново Село, е фактот дека секоја година над 3 МИЛИОНИ Евра ќе се слеваат директно во буџетите на Вашите локални управи. Се работи за многу сериозен прилив на финансиски средства кои во континуитет ќе ги полнат општинските буџети, што во голема мерка ќе помогне за непречено реализирање на сите потребни инфраструктури и комунални проекти. Само богати и економски развиени општини, региони и држави можат реално да си дозволат сериозно да инвестираат во заштита на животната средина, обезбедување високи стандарди во заштита на здравјето на населението, во нови и добро платени работни места, современа инфраструктура, нови училишта, туристички и спортски локалитети или воопшто – во достоинствени услови за живеење во својата држава на сите независно од политичките, професионални, културни, етнички и верски различности!

Дополнително на овие директни инвестиции во Проектот, нашиот Борд на Директори и клучните инвеститори планираат, секоја година, да издвојуваат наменски фонд од 1 МИЛИОН Евра за реализирање различни локални проекти преку донации и спонзорства за активностите на регионалните граѓански асоцијации, невладини организации кои приоритетно се фокусирани на заштитата на животната средина, развој на руралниот туризам, културни и спортски здруженија.

Share via
Copy link