Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Костадинов:Нема поголеми материјални штети во Општина Струмица од вчерашното невреме
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска информираше дека од вчерашното невреме не се предизвикани поголеми материјални штети во Општината, но, сепак во текот на денот ќе имаат информации за неколку критични точки и доколку има штети Општината е подготвена да помогне.
Тој рече дека сите надлежни служби вчера биле на терен и денеска се работи на расчистување на урнати дрвја во градот и населени места, како и на санирање на одредени точки од каде се излева водата.
-Се работи на расчистување на наносите од земја на регионалниот пат Струмица-Банско, кој поминува низ селото Куклиш. Исто така, имаше поплавување во неколку населени места предизвикано од неисчистени одводни канали и затворени канали покрај улици и патишта. Ние ќе излеземе и ќе ги исчистиме, но апелирам до граѓаните да не ги покриваат и затрупуваат каналите со земја, бидејќи треба само еднаш да ни се случи таков пороен дожд како вчера и да имаме поплава, рече Костадинов.
Тој ги повика граѓаните доколку имаат објекти кои претрпеле посериозни штети да ги контактираат општинските служби и доколку има поголема материјална штета ќе се разгледа можноста за формирање на Комисија за проценка на штетите.