fbpx

Исклучоци од забраната за собирање на повеќе од четири лица

 Исклучоци од забраната  за собирање на повеќе од четири лица

Владината мерка за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден и цела седмица, има одредени исклучоци и не важи:

➡️ За родители со деца од исто семејство;

➡️ При организирање настава на отворено, како дел од формалното образование во образовните институции и установи за згрижување на деца;

➡️ При чекање на постојка за превоз на патници;

➡️ При професионални спортски тренинзи и натпревари;

➡️ При организирање и одржување на службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;

➡️ При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;

➡️ За лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно – загрозувачки состојби;

➡️ При пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата; и

➡️ За вршење на други активности кои се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) за постапување согласно оваа Одлука.https://vlada.mk/node/23153

Share via
Copy link