Изгоре автомобил во Банско

 Изгоре автомобил во Банско

Попладнево околу 18 часот во село Банско, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило кое во моментот на пристигнувањето беше во разгорена фаза, информираа струмичките пожарникари.

Се додава дека за кратко време пожарот бил локализиран и ликвидиран, а причинета е значителна материјална штета.

Фото: ТППЕ Струмица

Share via
Copy link