fbpx

Изгореа куќа, плевна, гаража и земјоделска механизација во Злеово

 Изгореа куќа, плевна, гаража и земјоделска механизација во Злеово

На 30.03.2023 година во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на С.А. (77) од село Злеово, радовишко, во кој биле опожарени куќа, плевна со сточна храна и гаража во која имало комбајн, камион и друга земјоделска механизација и алати, соопштија денеска од СВР Струмица.

Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалните противпожарни единици од Струмица и Радовиш пожарот бил изгаснат.

Увид во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и увидна екипа од ОВР Радовиш.

Фото: архива

Share via
Copy link