Изградена улицата„Драгољуб Боцинов“-ги поврзува стариот и новиот дел на Струмица

 Изградена улицата„Драгољуб Боцинов“-ги поврзува стариот и новиот дел на Струмица

Од денеска стариот и новиот дел на градот, поточно населбата „Касарна“ се поврзани со новозиградената улица „Драгољуб Боцинов“. Долга е 270 метри, а на неа се поставени 2,5 илјади метри квадратни асфалт.

На завршните работи на поставувањето асфалт увид изврши градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека новата улица ќе помогне многу во растоварувањето на сообраќајот во овој дел на градот.

Како што рече Костадинов досега целиот сообраќај се одвивал преку улиците „Моша Пијаде“ и „Атанас Јанев“ и ги разбрале граѓаните кои побарале дополнително отворање и пробивање на улици.

За овој проект Општината заедно со Бирото за рамномерен регионален развој обезбедија 8,3 милиои денари.

Share via
Copy link