Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Јавното обвинителство отворило предмет за вчерашната тепачка во Струмица
Основното Јавно обвинителство Струмица вчера по допрен глас отворило предмет за вчерашната масовна тепачка во центарот на Струмица и интензивно работи на нејзино расчистување, информираат од обвинителството.
Обвинителството дало насоки и наредби за натамошно постапување и утврдување на идентитетот на лицата кои учествувале во настанот.
Се додава дека Обвинителството продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на расчистување на настанот.
Снимка од настанот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.