„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кај 35 лица пронајдена дрога за време на музичка манифестација во Стар Дојран
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога, инофмираа денеска од СВР Струмица.
Притоа, биле лишени од слобода 35 лица кај кои при преглед била пронајдена разновидна опојна дрога. Запознаен бил Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во периодот од 20.30 часот на 03.07.2022 година до 02.30 часот на 04.07.2022 година за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николич, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко. При преглед кај лицата била пронајдена разновидна опојна дрога.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци