Полициски билтен:тешко повредена жена во сообраќајка во Струмица, пронајдена марихуана кај битолчанец во Стар Дојран,струмичанец агресивно се однесувал кон сопругата

На 03.07.2026 во 12:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Струмица патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Х. (67) од Струмица, удрило во 64-годишната Л.Ц.(64) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
На 03.07.2026 во 20:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Р.(21) од Битола. При преглед на патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Р., била пронајден марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.07.2026 во 18:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Џ.М.(29) од Струмица. Според пријавеното тој во повеќе наврати агресивно се однесувал кон неговата 28- годишна сопруга, а на 03.07.2026 година отишол пред домот на родителите на сопругата, каде била таа и нивните малолетни деца и упатувал закани. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање н случајот против Џ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.