fbpx

Кај жител на Ново Село и неговата баба полицијата пронајде 1,5 килограми марихуана

Денеска полициски службеници од СВР Струмица-Единица за недозволена трговија со дрога,  по претходно добиени оперативни сознанија, извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М., при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана  во количина од околу 1,5 килограми, соопштија од СВР Струмица.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.  

Share via
Copy link