Босилово подготвува техничка документација за фекална канализација по модел на Гази Баба
Ќе се уредува Свети Илијскиот порој
Градоначалникот Коста Јаневски денеска го најави почетокот на реализацијата на еден капитален проект, кој беше еден од носечките и во неговата предизборна кампања, а тоа е проектот Урбан мост помеѓу стара и модерна Струмица.
Овој проект опфаќа уредување на каналот наречен Свети Илијски порој, изведба на две сообраќајници паралелни со поројот и изградба на фекален колектор, со што ќе се решат инфраструктурните проблеми на овој дел којшто станува ново градско јадро.
-Тука никнува една голема населба и заедно со населбата Софилар, со овој проект ќе бидат приклучени кон постоечкото градско јадро. Владата на Република Северна Македонија веќе донесе Одлука и го прифати овој проект како еден од значајните, а меѓу повеќето инфраструктурни проекти коишто беа аплицирани од другите општини, и веќе се обезбедени средства во висина од 1,4 милиони евра со кои ќе се реализира еден сегмент од овој наш опсежен проект, рече Јаневски.