fbpx

Комбе со мигранти излета на патот Струмица-Костурино

Синоќа околу 20:50 часот, на магистралниот пат Струмица – Валандово, кај Раборска раскрсница се случила сообраќајна незгода во која комбе возило со битолски регистарски таблички, кое превезувало мигранти, се превртело, информираше Хризантема Рендевска, портпаролка на СВР-Струмица

Во незгодата 7 мигранти се здобиле со повреди, од кои четворица со потешки повреди. Возачот на комбето се дал во бегство, а на местото на несреќата извршиле увид полицијата и јавен обвинител.

Во извлекувањето на повредените учествувале струмичките пожарникари, кои употребиле специјални хидраулични алатки за да извлечат повредените.

За два дена ова е втора сообраќајна несреќа во која учествуваат возила кои шверцуваат мигранти. Завчера на улицата „Младинска“ во Струмица комбе полно со мигранти предизвика тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени поголем број мигранти.

Share via
Copy link