Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
„Комуналец“ апелира за почитување на мерките за заштита на утрешниот празник Задушница
Одделениjaта “Комунална Хигиена“, “Одржување и управување со градските гробишта“, “Одржување и управување со јавно зеленило“ и секторот “Механизација“ при ЈПКД “Комуналец“ во пресрет на верскиот празник Задушница извршија есенско чистење и уредување на Градските гробишта.
Апелираме до граѓаните да внимаваат и да не оставават незаштитено недогорени свеќи како би се избегнало палење на сувите треви околу гробните места.
Известуваме дека Градските гробишта ќе работат во полно работно време без рестрикција, но потсетуваме дека задолжително е носење на заштитни маски на секој посетител, како и дека е забрането групирање во групи поголеми од 4 луге се со цел да се заштитиме самите себе, но и нашите роднини и пријатели од вирусот Ковид 19.