fbpx

„Комуналец“ ја почна акцијата за генерално чистење на Струмица

 „Комуналец“ ја почна акцијата за генерално чистење на Струмица

Со цел за подобрување на јавната чистота, ЈПКД „Комуналец“ Струмица започна со акција за генерално чистење на Струмица.

Во акцијата се влучени 30 работници, две машини за метење на улиците , 4 трактори, еден камион а по подигањето на сметот и метење на улиците вклучена е и цистерна која врши перење на истите.

Акцијата започна со градските населби Карпош и Чифлик и се замолуват сите граѓани од овие реони кои имат секаков вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите за да биде подигната во текот на денот.

Акцијата продолжува и наредните недели во месец Јуни и реонски ќе биде опфатен целиот град.

Share via
Copy link