fbpx

Карневалски групи од Струмица учествуваа на Меѓународниот карневал во Тиват

 Карневалски групи од Струмица учествуваа на Меѓународниот карневал во Тиват

На третиот меѓународен карневал во Тиват, Црна Гора, кој се оддржа од 9-ти до 11-ти јуни 2023 година, меѓу 500 учесници во 23 групи од 15 земји беа и струмичките карневалски групи: СОУ “Никола Карев” Струмица со карневалска маска ” Ритамот на младоста”, и СОУУД “Димитар Влахов” со карневалска маска”Струмички глуварчиња”.

Нивните впечатливи маски од последното издание на Струмичкиот карневал оставија силен впечаток и кај многубројната публика во Тиват.

Share via
Copy link