fbpx

Возач на мопед потешко повреден на патот меѓу Еднокуќево и Моноспитово

На 08.06.2023 во 19:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Еднокуќево и Моноспитово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 307“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б.(29) од село Еднокуќево и мопед без регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од село Еднокуќево, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила  екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link