Приведен крадец во Струмица
Вчера во 10:00 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.П.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31.05.2023 извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во автомобил и апарати за кафе на подрачјето на Струмица, при што одзел пари и други предмети.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од предметите и алат кој го употребувал при вршење на делата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.