fbpx

Полициски билтен:Жител на Петралинци пронајден починат, малолетничка се оддалечила од домот

 Полициски билтен:Жител на Петралинци пронајден починат, малолетничка се оддалечила од домот

На 07.06.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во домот во село Петралинци, струмичко, бил пронајден починат Н.С.(31).

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 08.06.2023 во 00.50 часот во СВР Струмица, С.Д.(34) од Струмица пријавила дека од домот оддалечила нејзината ќерка Д.Д.(14).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Share via
Copy link