fbpx

„Комуналец“ ќе ги исклучува дивите водоводни приклучоци во село Банско

 „Комуналец“ ќе ги исклучува дивите водоводни приклучоци во село Банско

ЈПКД „Комуналец“ ги информира граганите од населеното место Банско дека во текот на денешниот ден и во деновите кои следуваат ке спроведе акција за исклучување од водоводната мрежа на диви приклучоци, како и на кукни приклучоци кои се злоупотребуват заради полевање на земјоделски површини.

Оваа состојба на злоупотреба на водоводниот систем, и тоа одреден број лица од село Банско придонесува за огромна потрошувачка на вода и загрозување на редовното водоснабдување на населеното место Банско, а со тоа е загрозено јавното водоснабдување на граганите од ова село.

Заради целосна заштита на водоснабдителниот систем и заради обезбедување на потребните количини на вода за редовно водоснабдување на граганите од село Банско, ЈПКД „Комуналец“ ке преземе и соодветни законски и казнени мерки за сите злоупотреби на јавниот водоснабдителен систем.

Share via
Copy link