fbpx

Полициски билтен: Пронајдена марихуана, одземено нелегално огревно дрво, физички напад

 Полициски билтен: Пронајдена марихуана, одземено нелегално огревно дрво, физички напад

На 20.05.2022 во 01.05 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода М.Т.(21) од село Покрајчево, радовишко и А.С.(34) од Радовиш. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, а по целосно расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.05.2022 во 12.40 часот во дворното место на П.Р.(61) во близина на крстосница Лакавица, општина Конче, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле дабови огревни дрва без соодветна  документација. Дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавно претрпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш. По целосно документирање на случајот против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.05.202 во 20.35 часот во Полициската станица Струмица, Р.К.(75) од село Владевци, струмичко, пријавил дека околу 20.00 часот во село Владевци бил физички нападнат од Е.В. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link